Aldıjana Hadzıc
28 Декември 2015•Ажурирај: 28 Декември 2015
САРАЕВО (АА) - Меѓу историските случувања кои се имаат случено на денешен ден се:
1856 година - Роден е американскиот државник Вудроу Вилсон, претседател на САД од 1912 до 1920 година.
1895 година - Во парискиот ресторан "Grand Cafe", браќата Луис и Аугусте Лумиер ја организираа првата филмска проекција. Прикажани се кратки филмови за излегувањето на работниците од фабриката, железничката станица со патници и воз кој јури. Овој датум се смета за денот на раѓање на кинематографијата.
1923 година - Почина францускиот инженер Александар Густаф Ајфел, конструктор на кулата во Париз именувана според него, Ајфелова кула.
1950 година - Во Корејската војна, кинеските трупи ја поминаа 38-та паралела.
1954 година - Роден е американскиот глумец Дензел Вашингтон.
1968 година - Во напад на аеродром во Бејрут, израелските командоси уништија неколку авиони.
2004 година - Почина писателката и критичарка Сузан Сонтаг.
2005 година - Европската унија го лансираше својот прв навигациски сателит "Galileo".