Rahmi Gündüz
01 Јули 2016•Ажурирај: 02 Јули 2016
ПАРИЗ (АА) - По бројните знаменитости во различните градови во светот и Ајфеловата кула синоќа беше во боите на турското знаме во знак на поддршка на оваа земја по терористичкиот напад на истанбулскиот аеродром Ататурк во кој животот го загубија 44 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Симболот на француската престолнина во полноќ беше осветлен во боите на турското знаме.
Од канцеларијата на градоначалникот на Париз наведоа дека Ајфеловата кула ќе биде во боите на турското знаме во знак на солидарност со турскиот народ но и оддавање почест на жртвите од нападот на истанбулскиот аеродром.
Солидарност со турскиот народ е покажана и во Канада. На зградата на Федералниот парламент во оваа земја знамињата се спуштени на пола копје.
Бројот на загинатите во терористичкиот напад на Меѓународниот аеродром Ататурк во Истанбул е зголемен на 44, а ранети се 238 лица.