Halit Süleyman
13 Јули 2016•Ажурирај: 14 Јули 2016
ИДЛИБ (АА) - Најмалку 28 лица загинаа во нападите на борбените авиони на армијата лојална на сирискиот претседател Башар ал-Асад на пазарите, во делови на Хомс и Идлиб што се под контрола на опозицијата, јавува Anadolu Agency (AA).
Официјален претставник на цивилната заштита во Идлиб, Абдулкерим Ахрас, за АА изјави дека во нападите на борбените авиони на пазарот во јужниот дел на Идлиб, загинаа 13 цивили, вклучувајќи жени и деца. Според него, во нападот се повредени 22 лица.
„Режимските воени авиони го бомбардираа пазарот во Ерих. По нападот, може само да се опише сликата на ужасот. Улиците се полни со мртви и повредени тела, а секаде можеше да се види крв. Режимот секојдневно прави нови масакри, а светот сето тоа немо го гледа", изјави Ахрас.
Тој додаде дека бомбардирањето предизвикало голема материјална штета и дека бројот на жртвите може да се зголеми.
Како што е соопштено од страна на Центарот за цивилна заштита во Хомс, во експлозијата на пазарот во градот, загинаа 15, а беа повредени десетици луѓе.