Ömer Koparan
17 Октомври 2021•Ажурирај: 18 Октомври 2021
АЗАЗ (АА) - Огранокот на Сирискиот ослободителен фронт (SLF) при Сириската национална војска објави дека е подготвен за повторно започнување на своите воени операции против терористичките организации, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Ослободителниот фронт преку Твитер објави дека е „решен да ги исчистиме нашите региони од сите терористички организации, особено од ПКК, ПЈД и ДЕАШ“.
Исто така, нагласува дека поддршката на Фронтот за Турција на теренот продолжува.
Сирија е опустошена од граѓанска војна од почетокот на 2011 година, кога режимот на Башар ал Асад презеде свирепи мерки против продемократските демонстранти.
Според проценките на ОН, стотици илјади луѓе ги загубиле животите во војната, а над 10 милиони се раселени.