Eşref Musa, Ethem Emre Özcan
08 Септември 2021•Ажурирај: 09 Септември 2021
РЕСУЛАЈН
Еден цивил загина во терористичкиот напад извршен со рачно изработена експлозивна направа во округот Цркви во подрачјето на Ресулајн во северна Сирија, известува Агенција Анадолија (АА).
Рачно изработена експлозивна направа поставена во торба, експлодира на локација во населбата каде што се наоѓаат црквите, во центарот на Ресулајн, Сирија, наспроти местото Џејланпанар во Шанлиурфа, на турската територија.
Според информациите добиени од персоналот на болницата во Ресулајн, во терористичкиот напад животот го загубил еден цивил.
Локалните безбедносни сили започнаа истрага за инцидентот.
Областите Тел Абјад и Ресулајн беа ослободени од окупацијата на терористичката организација ЈПГ/ПКК со операцијата „Извор на мирот“, што Турција ја спроведе во октомври 2019 година.