Турција

Турските командоси неутрализираа 4 терористи во Сирија кои се подготвувале за напад

Од 2016 година, Турција започна неколку успешни антитерористички операции преку границата со Сирија, со цел да спречи формирање терористички коридор и да овозможи безбедна средина за враќање на раселените лица

Orhan Onur Gemici  | 27.11.2021 - Обновена : 28.11.2021
Турските командоси неутрализираа 4 терористи во Сирија кои се подготвувале за напад

АНКАРА (АА) - Турските безбедносни сили неутрализираа четворица терористи на ПКК/ЈПГ во северна Сирија, соопшти турското Министерство за одбрана, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Во соопштението на Министерството се наведува дека безбедносните сили ја продолжуваат одлучната борба против тероризмот.

Се наведува дека турските командоси во зоната на операцијата „Извор на мирот“ неутрализирале четворица терористи на ПКК/ЈПГ кои се подготвувале за напад.

Од 2016 година, Турција започна неколку успешни антитерористички операции преку границата со Сирија, со цел да спречи формирање терористички коридор и да овозможи безбедна средина за враќање на раселените лица.

Станува збор за операциите „Штитот на Еуфрат“ (2016), „Маслинова гранка“ (2018) и „Извор на мирот“ (2019 година).

Во над 35- годишната терористичка кампања против Турција, терористичката организација ПКК, која се наоѓа на листата на терористички организации во Турција, САД и ЕУ, е одговорна за смртта на најмалку 40.000 луѓе, меѓу кои и жени, деца и доенчиња. ЈПГ е сириски огранок на ПКК.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.