Halit Süleyman
04 Март 2017•Ажурирај: 05 Март 2017
ХАМА (АА) – Во нападите на режимот на Асад 10 цивили го загубија својот живот, а 20 се ранети во околината на Акирабат кој се се наоѓа во подрачјето на сирискиот град Хама, јавува Anadolu Agency (AA).
Халид Хомс, член на координацијата на медиумскиот центар на Хама и Хомс, за АА истакна дека воените авиони на силите на режимот бомбардирале еден сточен пазар во околината на Акрабат.
Хомс информираше дека во нападот 10 лица го загубиле својот живот, додека 20 се ранети. Тој нагласи дека силите на режимот постојано од копно и воздух ги гранатираат руралните места во Хама и Хомс кои се под контрола на опозицијата.
Околината на Акирабат која е дел од подрачјето на градот Хама е под контрола на терористичката организација ДЕАШ.