Muhammed Bilal Kenasari
04 Март 2017•Ажурирај: 05 Март 2017
ВАШИНГТОН (АА) – Претседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Доналд Трамп, тврди дека поранешниот претседател Барак Обама пред претседателските избори во 2016 година ги прислушкувал неговите телефони, јавува Anadolu Agency (AA).
„Ужасно! Непосредно пред нашата победа дознав дека Обама го прислушкувал 'Трамп тауер'. Ништо не е пронајдено. Како можеше претседателот Обама за време на изборниот период да падне толку ниско да ми го прислушкува телефонот? Ова наликува на Никсон и случајот Вотергејт. Лош човек! “, истакнал Трамп во својата објава на социјалните мрежи.
Трамп тврди дека еден месец пред изборите во октомври 2016 година Обама го прислушувал него, и рече: „Се обложувам дека еден добар адвокат може да отвори тужба против претседателот Обама во врска со прислушувањето на моите телефони во октомври.“
Претседателот Трамп исто така го искажа својата проценка во врска со случајот на министерот за правда, Џеф Сешнс, кој се сретнал со рускиот амбасадорот во Вашингтон, Сергеј Кисљак.
Трамп соопшти дека Обама 22 пати се сретнал со рускиот амбасадор Сергеј Кисљак во Белаа куќа, од кои 4 средби биле остварени во 2016 година.
Трамп истакна дека и првата средба на рускиот амбасадор и Сешнс, која стана цел на демократите, откако на виделина излезе нивната средба, била договорена од страна на администрацијата на Обама.
„Првата средба на Џеф Сешнс со рускиот амбасадор била организирана од страна на администрацијата на Обама под име ‘Програма за обука со 100 амбасадори’ “, истакна Трамп во својата објава на социјалните мрежи.