Gökhan Kavak
04 Март 2017•Ажурирај: 05 Март 2017
АБУЏА (АА) - Гувернерот на камерунската покраина Далечен Север Миџијава Бакари тврди дека припадниците на терористичката организација Боко Харам во таа земја ги користат децата како бомбаши самоубијци, јавува Anadolu Agency (AA).
Бакари нагласи дека за време на акциите на Комбинираните здружени оперативни сили им е зададен тежок удар на терористите на Боко Харам.
„На организацијата и нивните фабрики за производство на експлозиви им е зададен тежок удар. Терористите на Боко Харам се во тешка состојба и поради тоа ги користат децата како бомбаши самоубијци” , порача Бакари.
Тој нагласи дека во последниот таков напад на Боко Харам, животот го загубиле две деца.
Инаку, покраината на Далечен Север во Камерун е една од регионите која е често на мета на терористички напади на Боко Харам.
Во Камерун за време на нападот на Боко Харам до денес животот го загубија најмалку 2.000 лица.