Enes Kaplan
27 Ноември 2021•Ажурирај: 27 Ноември 2021
ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган пристигна во Туркменистан заедно со својата делегација за да присуствува на состанокот на Организацијата за економска соработка и да реализира официјални разговори, јавува Агенција Анадолија (АА).
Претседателот на аеродромот беше пречекан од заменик-претседателот на Кабинетот на министри на Туркменистан, Чари Ѓиљов, заедно со турскиот амбасадор во Ашхабат, Тоган Орал.
Ердоган ќе присуствува на 15. Самит на лидерите на земјите од Организацијата за економска соработка, закажан за 28 ноември, со кој ќе претседава туркменскиот претседател Гурбангули Бердимухамедов.
Се очекува Ердоган да оствари и билатерални средби со лидерите на некои земји членки и да го предаде мандатот за претседавање со Организацијата на Туркменистан.
Во делегацијата што го придружува Ердоган се турските министри за енергетика и природни ресурси, одбрана, образование, земјоделство и транспорт и инфраструктура.