Büşra Nur Çakmak
28 Ноември 2021•Ажурирај: 29 Ноември 2021
АНКАРА (АА) - Во Турција се аплицирани над 120 милиони дози од вакцините против Ковид-19 од почетокот на имунизацијата во јануари, покажуваат официјалните податоци објавени вчера, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Над 56,18 милиони лица ја примија првата доза од вакцината, додека над 50,32 милиони се целосно вакцинирани“, соопшти турското Министерство за здравство.
Третата, дополнителна доза ја примија над 12,1 милион луѓе.
Во Турција коронавирусот е потврден кај 23.759 лица, а од последиците на вирусот починале 192 лица. Оздравеле 25.103 лица.
Турскиот министер за здравство, Фахретин Коџа, на Твитер објави дека во Турција не е откриен ниту еден случај на варијантата омикрон, неодамна откриена во Јужноафриканската Република, додавајќи дека во земјата доминантна е варијантата делта.
Според податоците на Универзитетот „Џонс Хопкинс“, од декември 2019 година, пандемијата на коронавирусот однела околу 5,19 милиони животи во најмалку 192 земји и региони во светот, а регистрирани се повеќе од 260,8 милиони случаи.