свет, Коронавирус

Израел ги затвора границите поради новиот сој на коронавирусот

Вакцинираните Израелци што се враќаат во земјата ќе треба да направат ПЦР-тест и да поминат тридневен карантин, по што ќе следува уште еден негативен ПЦР-тест со што ќе се стави крај на карантинот

Enes Canlı  | 28.11.2021 - Обновена : 01.12.2021
Израел ги затвора границите поради новиот сој на коронавирусот

КУДС (АА) - Израел објави дека забранува влез на странци во земјата поради новиот сој на коронавирусот Омикрон, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Одлуката е донесена откако Кабинетот се состана со раководството на премиерот Нафтали Бенет за да разговара за превентивните мерки против новата варијанта.

Кабинетот одлучи да не биде дозволен влезот на странци во земјата без одобрение од комисија.

Според тоа, вакцинираните Израелци што се враќаат во земјата ќе треба да направат ПЦР-тест и да поминат тридневен карантин, по што ќе следува уште еден негативен ПЦР-тест со што ќе се стави крај на карантинот.

Невакцинираните ќе мора да се изолираат на една недела под услов да се согласат да се тестираат. Доколку одбијат да се тестираат, ќе бидат ставени во карантин 14 дена.

Израелците кои се враќаат од земјите на „црвената листа“ исто така ќе бидат изолирани во хотел што ќе го одреди Владата. Ќе им биде дозволено да го поминат остатокот од карантинот дома доколку ПЦР-тестот при влезот покаже негативен резултат. Нивниот период на изолација ќе заврши доколку се добие уште еден негативен ПЦР-тест на седмиот ден.

Владата ги предупреди граѓаните што ја напуштаат земјата дека мерките може да се променат за време на нивното патување.

Максималниот број луѓе што може да бидат присутни во затворен простор беше намален на 50 од 100.

Не се направени измени на мерките во однос на еврејскиот празник Ханука, чијашто прослава треба да започне вечерва, но ќе бидат спроведени строги контроли.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.