Büşra Nur Çakmak
28 Ноември 2021•Ажурирај: 29 Ноември 2021
АНКАРА (АА) - Италија го потврди првиот случај на сојот на коронавирусот Омикрон, неодамна откриен во Јужна Африка, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Пациентот, кој бил целосно вакциниран, се вратил во Италија од Мозамбик пред неколку дена“, извести италијанската новинска агенција АНСА.
„Луѓето што биле во контакт со пациентот се во самоизолација како мерка на претпазливост“, се додава.
Италија вчера објави дека има 12.877 нови случаи и 93 смртни случаи поврзани со коронавирусот.
Оваа недела, научниците од Јужна Африка објавија дека ја откриле варијантата Омикрон, што има неколку мутации кои можат да носат ризик од реинфекција. Истата варијанта е регистрирана и во соседна Боцвана, како и во Хонгконг, а прв пат е откриена на 12-22 ноември, пред да биде објавено во четвртокот.
Во петокот, Светската здравствена организација (СЗО) го окарактеризира сојот како „варијанта на загриженост“ нарекувајќи го Омикрон.
Некои држави во светот ги забранија летовите од над шест јужноафрикански земји - Јужноафриканската Република, Намибија, Боцвана, Зимбабве, Мозамбик, Лесото и Есватини, поради стравот од новата варијанта.