Barış Seçkin
20 Февруари 2016•Ажурирај: 21 Февруари 2016
РИМ (AA) - Големиот италијански писател Умберто Еко почина во петок навечер во 84 година од животот, јавува Anadolu Agency (AA).
Познат е како писател и за децата како книжевен критичар, колумнист, есеист и филозоф. Како наведуваат италијанските медиуми, Умберто Еко пишуваше последните 50 години,а почина во својот дом.
Неговиот рома "Името на ружата" е напишан 1989 година, преведен е на повеќе десетици јазици. Според овој роман, снимен е и филм со Шон Конери во главната улога.
Еко е познат и по романот "Нишалото на Фуко" , а пишуваше речиси до самиот крај на својот живот. Минатата година го издаде романот "Нулти број".
Умберто Еко е роден во италијанскиот регион, Пиемонте, во областа која повеќе влијаеше на француската од италијанската култура.
Во текот на Втората светска војна Еко и неговата мајка Џована престојувале во едно село на пиемонтските ридови. На наговор на неговиот татко тој започнува да студира право на Торинскиот универзитет. Прекинување на правните студии и спротивно на желбата на неговиот татко започнува студии по средновековна филозофија и литература, а докторираше 1956 година на тема за Тома Аквински.