Aldıjana Hadzıc
05 Јануари 2016•Ажурирај: 06 Јануари 2016
САРАЕВО (АА) - Меѓу историските случувања кои се случиле на денешен ден, издвојуваме:
1589 година - Почина француската кралица со италијанско потекло Катерина де Медичи.
1592 година - Роден е Шах Џахан, познат како принцот Хурам, могулски цар од 1628 до 1658 година. Го изградил мавзолејот Таџ Махал.
1855 година - Роден е Кинг Камп Жилет, американски бизнисмен, основач на компанијата "Gillette".
1895 година - Германскиот физичар Вилхелм Конрад Рентген, објави дека ги пронашол Х- зраците, подоцна според него наречени "Рентгенови зраци".
1932 година - Роден е Умберто Еко, италијански писател и семиотичар. Ги напиша "Преку гробиштата", "Името на розата" како и многу други дела.
1969 година - Поранешниот СССР во 1969 година го лансираше вселенскиот брод "Венера 5" во правец на Венера, а пет дена подоцна и "Венера 6", кои до таа планета стигнале на 16-ти, односно, 17-ти мај.
1982 година - Родена е Јаница Костелиќ, хрватска скијачка.