Ruslan Rehimov,Elena Teslova,Gamze Türkoğlu Oğuz
15 Март 2016•Ажурирај: 16 Март 2016
МОСКВА (AA) – Руското министерство за одбрана соопшти дека првиот контингент на авиони од руската воздушна база во Сирија тргна кон Русија во склад со поранешната наредба на рускиот претседател Владимир Путин за повелкување од таа земја, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението се наведува дека првата група на руските авиони полета од базата во Сирија, но не е прецизирано колку авиони во таа фаза се повлечени, ниту до кога ќе трае тој процес.
Министерството порано утрово соопшти дека авионите од воздушната база на Русија во Сирија се спремни за повлекување и дека рускиот персонал во базата во Сирија ги направи сите подготовки и целата опрема ја испрати во теретните воени авиони кои чекаат да се вратат во Русија.
Рукиот претседател Владимир Путин во понеделник нареди руските воздушни сили да се повлечат од Сирија. Кабинетот на Путин во Кремљ порано на своја службена интернет страница соопшти дека Путин разговарал со сирискиот колега Башар ал-Асад и дека постигнале договор за повлекување на руските воздушни сили од Сирија.
На барање на сирискиот претседател, руските воздушни сили кон крајот на септември минатата година почнаа воздушни операции во Сирија. Најавено е дека мета на руските напади ќе бидат упориштата на терористичката организација ДАЕШ, а сириската опозиција тврди дека мета на тие напади во најголем дел биле положбите на опозициските сили кои му се спротиставуваат на сирискиот режим во Дамаск.