Selman Tür
29 Јуни 2017•Ажурирај: 30 Јуни 2017
БАТМАН (АА) - СЕЛМАН ТУР - Лекарите на една приватна болница во турскиот град Батман, отстранија 2.007 каменчиња од жолчното кесе на 40-годишната Хатиџе Јешилмен, јавува Anadolu Agency (AA).
Мајката на четири деца која живее во турскиот град Мардин често на лекарите им се жалела на болки. Откако за една година изгубила 15 килограми се посомневала дека боледува од карцином, и побарала мислење од лекари од неколку болници.
Јешилмен 20 години трпела болки, а кога тие станале неиздржливи помош побарала во приватна болница.
Хирургот Алпаслан Терзи рече дека од жолчното ќесе на Јешилмен отстранил 2.007 каменчиња. Според него, често има операции на жолчното кесе, но дека со ваков случај се сретнал за првпат.
„Многу е ретка ситуацијата да се видат толку камења. Првпат гледам вакво нешто. Имаше и камења со големина на лешник“, рече Терзи.
Тој додаде дека операцијата траела два часа, и дека поминала без проблеми.
„Пациентката е среќна, добро се чувствува, а почна и да јаде. Мило ни е што овозможивме да оздрави“, изјави Терзи.