Tuba Şahin
29 Јуни 2017•Ажурирај: 29 Јуни 2017
АНКАРА (АА) - Според официјалните податоци објавени денес, бројот на странци што ја посетија Турција во мај оваа година се зголеми за 16,3 отсто во споредба со истиот месец минатата година, јавува Anadolu Agency (AA).
Речиси 2,89 милиони странски посетители пристигнаа во Турција минатиот месец, објави Министерството за култура и туризам во официјалниот билтен.
Податоците покажуваат дека 21 отсто (608.472) странски посетители се од Русија. По нив следуваат Германците и Грузијците со 10,2 отсто (295.007) и 8,2 отсто (235.462).
„Во првите пет месеци од годината, бројот на странски посетители во Турција изнесуваше речиси 8,8 милиони, што значи пораст од 5,6 отсто во споредба со истиот период минатата година“, се вели од министерството.
Во истиот период, речиси 41 отсто од посетителите пристигнаа во Истанбул, а во Анталија имало 20,8 отсто од посетителите.