Emre Gürkan Abay
26 Декември 2017•Ажурирај: 26 Декември 2017
МОСКВА (АА) - Министерот за одбрана на Русија, Сергеј Шојгу соопшти дека Русија ја започнала работата за формирање постојан престој на руски единици и нивните активности во сириските бази Тартус и Химејмим, јавува Anadolu Agency (AA).
Министерот Шојгу во своето обраќање во Москва изјави дека претседателот на Русија, Владимир Путин ја одобрил одлуката да се започнат работите за создавање услови за постојан престој на руските единици и нивните активности во базите Тартус и Химејмим.
Шојгу му се заблагодари на рускиот парламент за дадената поддршка во врска со споменатите активности и додаде „Ги започнавме работите со кои ќе им овозможиме услови за постојан престој на нашите единици и нивните активности во базите Тартус и Химејмим.”
Путин изминатите недели, за време на својот престој во базата Химејмим во Латакија изјавувајќи дека наредил руските единици да се повлечат од Сирија додаде „Руските мировни центри во Сирија ќе продолжат со своите активности. Русија ќе продолжи со свој постојан престој и своите активности во базита Тартус и Химејмим.”
Проширувањето на поморската база Тартус, што го предвидува договорот меѓу Сирија и Русија со кој оваа база ѝ е дадена на Русија на користеше во времетраење од 49 години е одобрено и од страна на Долниот дом во рускиот парламент.
Според договорот, базата Тартус која ѝ е дадена на користење на Русија, во потполност е ослободена од сите цивилни и раководни ингеренции на Сирија, а Русија нема да плаќа обештетување за користењето на заедничите објекти во подрачјето.