Ali H. M.Abo Rezeg
26 Декември 2017•Ажурирај: 26 Декември 2017
РАМАЛА (АА) - Израелските сили притворија осум Палестинци, од кои пет беа приведени во рации во текот на ноќта спроведени во окупираниот Западен Брег, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во денешното соопштение на израелската армија се вели дека Палестинците биле притворени за сослушување поради наводна вмешаност во терористички активности.
Тројца од нив биле притворени за време на судирите со израелските безбедносни сили во бегалскиот камп Аида во Витлеем.
Во соопштението се вели „Притворените лица се испратени до надлежните на сослушување“.
Израелските окупациски сили често спроведуваат опсежни операции на приведувања во окупираниот Западен Брег под изговор дека трагаат по „барани“ Палестинци.
Според официјалните палестински податоци, моментално во затворите низ Израел се наоѓаат над 6.400 Палестинци.
Последните апсења се последица на тековните тензии на палестинските територии по одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да го признае Кудс (Ерусалим) за главен град на Израел.