свет

Израелските сили убија Палестинец на Западниот Брег

Додека организациите за човекови права го обвинуваат Израел за спроведување вонсудски убиства над Палестинците, израелските сили продолжуваат со нападите врз Палестинците, обвинувајќи ги за „обид за напад со нож“...

Esat Fırat  | 26.01.2021 - Обновена : 27.01.2021
Израелските сили убија Палестинец на Западниот Брег

ЕРУСАЛИМ (АА) - Почина Палестинец што беше застрелан од страна на израелските војници, наводно поради „обид за напад со нож“ во градот Селфит, во северниот дел на окупираниот Западен Брег, јавува Агенција Анадолија (АА).

Во писменото соопштение на израелската Армија се наведува дека е спречен ‘наводен’ „обид за напад со нож“ во близина на еврејската населба Ариел на север од Западниот Брег, а напаѓачот е „неутрализиран“.

Во соопштението што го објави палестинското Министерство за здравство се наведува дека Палестинецот, чиј идентитет не е познат, е убиен од страна на израелските војници во близина на еврејската населба Ариел во Селфит.

Додека организациите за човекови права го обвинуваат Израел за спроведување вонсудски убиства над Палестинците, израелските сили продолжуваат со нападите врз Палестинците, обвинувајќи ги за „обид за напад со нож“ или за „обид за прегазување со возило“.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.