Hani eş-Şair,Meryem Kasım
02 Јули 2016•Ажурирај: 03 Јули 2016
ГАЗА (АА) - Израелските воени авиони бомбардираа неколку локации во Појасот Газа, а во нападите немаше мртви ни повредени, јавува Anadolu Agency (AA).
Како што наведуваат безбедносните извори и очевидци, во утринските часови бомбардирани се позициите на воениот огранок на движењето Хамас, Изедин ел Касам и други групи. Покрај позициите на воените ограноци штета претрпеа и објектите со плитка вода како и приватни куќи.
Бомбардирано е и напуштено земјиште во Рефаху, на границата помеѓу Газа и Египет.
Портпаролот на израелската војска, Авичај Адрае синоќа изјави дека една ракета паднала на зграда во Сдероту, на јужните погранични делови со Газа.
Ниедна палестинска група не презеде одговорност за испуканата ракета.