Özüm Yalkın
02 Јули 2016•Ажурирај: 03 Јули 2016
МEKA (АА) - Најмалку 18 лица се полесно повредени во толпата за време на одбележувањето на најважната ноќ во исламскиот календар, ноќта Лејлетул Кадр, во близина на Ќаба (најзначајното свето место на исламот) во Мека, Саудиска Арабија, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на медицинскиот центар во Мека, Хамид ал-Малики изјави дека во близина на Ќаба во ноќта Лејлетул Кадр била голема гужва. Според него, до гужвата дошло во близина на хотелот Дар Техвид во околината на Ќаба, а во таа прилика беа повредени 18 луѓе.
Пружена е медицинска помош на настраданите лица и на оние кои се гушеа. По пружената помош сите се чувствуваат добро.
По настанатата гужва, во близина на Ќаба беа испратени дополнителни осум медицински тимови.