Davut Çolak
05 Јуни 2017•Ажурирај: 06 Јуни 2017
КОПЕНХАГЕН (АА) - Данска соопшти дека ја прекинуваат соработката со палестинската невладина организација „Women Affairs Technical Commitee“ (ВАТС) (Технички комитет за женски прашања), и побара од оваа невладина организација да ги врати донациите што ѝ ги дала, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на Министерството за надворешни работи на Данска се наведува дека ВАТС сокрила некои податоци во врска со еден палестински центар за жени којшто се наоѓа во градот Бурга на Западниот Брег.
Според ова соопштение, ВАТС сокрила дека центарот е именуван според една жена која Данска ја има прогласено за терорист, и дека оваа жена била сметана за идол, и поради тоа се прекинува соработката со оваа невладина организација.
Исто така, Министерството за надворешни работи побара од ВАТС да ги врати донациите што Данска ѝ ги дала.
Од друга страна, израелскиот премиер Бејамин Нетанјаху претходно тврдеше дека некои од донациите што Данска им ги дава на палестинските невладини организации се користат за палестинското движење за бојкот, и побара од данските власти да бидат прекинати овие донации.