Qais Omar Darwesh Omar, Hacer Başer
24 Август 2021•Ажурирај: 25 Август 2021
НАБЛУС
Во рација на израелските сили во окупираниот град Наблус на Западниот Брег животот го загуби 15-годишно момче од Палестина, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според очевидци, израелските сили упаднале во бегалскиот камп „Балата“ во источниот дел на Наблус за да приведат некои Палестинци.
Откако Палестинците реагирале на рацијата, израелските сили интервенирале користејќи вистински куршуми и солзавец. Од друга страна, младите Палестинци одговориле со фрлање камења.
Во писмената изјава дадена од палестинското Министерство за здравство се наведува дека 15-годишниот Имад Хашас, кој бил ранет во главата како резултат на огнот што го отвориле израелските сили, починал во болницата каде што бил однесен.
Израелските сили, кои често вршат рации во куќите на окупираниот Западен Брег и Источен Ерусалим, приведуваат Палестинци под различни обвинувања.