Hassan Ali Hassan Mekki, Mehmet Nuri Uçar
24 Август 2021•Ажурирај: 24 Август 2021
ТУНИС
Претседателот на Тунис, Каис Саид, одлучи дека ќе го продолжи рокот на траење на исклучителните мерки донесени на 25 јули, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението од Кабинетот на претседателот е наведено дека исклучителните мерки, што во полето законодавство, извршна власт и судство беа донесени на 25 јули, се продолжени додека не се одлучи поинаку.
Најавено е и дека Саид во наредните денови ќе се обрати на народот на Тунис.
Во Тунис во различни временски периоди доаѓаше до општествена, економска и политичка криза која е продлабочена со пандемијата на коронавирусот, откако голем број Тунижани на 25 јули излегоа на улиците.
Во текот на протестите Тунижаните остро ја критикуваа власта, а во одредени делови на земјата се извршени напади врз седиштето на Движењето „Нахда“, најголемата партија во Парламентот.
Саид тогаш рече дека е спроведен член 80 од Уставот, што му дава вонредни овластувања во ситуација кога земјата е во опасност.
Саид ја суспендираше работата на Парламентот на 30 дена, го укина имунитетот на сите пратеници, го разреши премиерот од должноста и најави именување нов.