İlker Girit
31 Јули 2016•Ажурирај: 01 Август 2016
ТУНИС (AA) – Парламентот на Тунис изгласа недоверба на премиерот Хабиб Есид, со што по само година и пол, падна туниската Влада, јавува Anadolu Agency (AA).
Исходот беше очекуван, а Есид непосредно пред гласањето изјави дека е свесен дека ќе гласаат против него.
Вкупно 118 пратеници гласаа против Есид, тројца беа за тој да остане на функција, додека други 27 беа воздржани.
За да опстане, на неговата Влада која е избрана во февруари 2015 година ѝ беа потребни гласовите на 109 пратеници од вкупно 217, колку што брои тунискиот Парламент.
Владата на Есид беше во голема мера критикувана поради тоа што не успеа да ја реши економската криза во земјата, како и поради високата невработеност.
Тој на 20 јули најави дека ќе побара гласање за доверба поради притисокот на многубројните политички актери да поднесе оставка.
Се очекува претседателот Беџи Каид Ес-Себси, кој во јуни повика на формирање на Владата на национално единство, во рок од десет дена да одреди мандатар.