Hülya A. Gündüzalp
23 Јануари 2016•Ажурирај: 24 Јануари 2016
ТУНИС (АА) - И покрај фактот дека во поголемиот дел од Тунис вчера беше воведен полициски час, Тунижаните продолжија со демонстрациите во главниот град на Тунис, јавува Anadolu Agency (АА).
Во неколку населби во Тунис се организираа демонстрации, а една од најголемите населби во кои живеат претежно сиромашни семејства, за време на полицискиот час, луѓето палеа гуми од автомобили, а на некои патишта поставуваа барикади.
Припадници на безбедносните сили употребуваа солзавец за да ги растераат демонстрантите. Како што е соопштуваат локалните извори, приведени се некои демонстранти кои фрлаа камења на безбедносните сили.
Немирите во земјата избувнаа откако во неделата млад човек починал од струен удар откако се качи на електричен столб со цел да изрази револт поради тоа што не беше примен во државната служба.
Протестите се проширија во неколку градови, вклучувајќи го и главниот град. Инаку, во Тунис, стапката на невработеност во моментот е околу 15 отсто, но е значително повисока во областите надвор од главниот град. Помеѓу младите луѓе, стапката на невработеност е околу 30 проценти.