Agon Fehmiu
09 Јануари 2016•Ажурирај: 10 Јануари 2016
ПРИШТИНА (АА) - Во текот на митингот на опозициските партии на Косово, дел од демонстрантите почнаа да фрлаат камења и петарди кон Владата, додека во тоа се обидува да ги спречи обезбедувањето на протестите, јавува Anadolu Agency (AA).
Иако дел од демонстраните се насилни, полицијата сеуште не одлучи да интервенира. На протестот зборуваа лидерите на сите три опозициски партии Рамуш Харадинај, претседателот на Алијансата за иднина на Косово, Фатмир Лимај, претседателот на Иницијативата за Косово и Висар Имери, кој се обрати во име на Движењето "Самоопределување" .
Протестот е продолжен со говорот на пратеничката во Собранито на Косово, Доника Кадај Бујипи, додека дел од граѓаните ја каменуваа зградата на Владата на Косово.
Лидерите на трите опозициски партии и нивните пратеници ги повикаа вчера граѓаните на Косово да се придружат на мирниот и цивилизиран протест за анулирање на штетните договори и за барање на полагање на сметките од оние кои го прекршија Уставот.
Опозицијата порача дека Мустафа и Тачи со протестите и демонстрациите ќе бидат приморани да одат, доколку тоа не го направат сами.
Опозицијата од средина на септември ја блокира работата на Собранието и со јајца и солзавец поради Договорот за формирање на Асоцијација на општини со српско мнозинство на Косово и демаркација на границата со Црна Гора, који се потпишани на крај на август минатата година. Владата на Косово одби да поднесе оставка и вети дека Заедницата ќе биде формирана во склад со со препораките на Уставниот суд кој оцени дека не е во потполност во склад со Уставот, додека за проверка на договорот за демаркација на границата со Црна Гора ангажира експерти од САД и ЕУ.