Yosra Ouanes,Safiye Karabacak
09 Март 2016•Ажурирај: 09 Март 2016
ТУНИС (АА) - Најмалку петмина терористи се убиени во текот на вчерашниот ден во акциите кои се спроведени на подрачјето на Меденин на југот на Тунис, во близина на границата со Либија, јавува Anadolu Agency (AA).
Министерството за внатрешни работи на Либија наведува дека припадниците на безбедносните сили убиле петмина терористи во антитерористички акции на подрачјето на областа Меденин.
Претходно во два напада на подрачјето Бингирдана загинаа 36 терористи, 11 војници и седум цивили. По нападот на позициите на војската преземени се опсежни безбедносни мерки на повеќе подрачја.