Tuncay Kayaoğlu
14 Март 2016•Ажурирај: 14 Март 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Најмалку 29 лица, вклучувајќи и девет малолетници, се приведени во денешните антитерористички акции низ Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Антитерористичките акции беа изведени на бројни адреси во истанбулската населба Газиосманпаша и Султангази, во потрага по членови на младинското крило на терористичката ПКК.
Петнаесет лица се приведени под сомнение за пропаганда во корист на ПКК и за навреда на државни официјални лица.
Во текот на акциите, полицијата заплени еден пиштол, три сачмарки и муниција.
Дополнително, 12 лица се приведени во централната турска покраина Ескишехир а две лица се приведени во Истанбул како резултат на истрагата водена во Ескишехир, изјави денес гувернерот на покраината, Гунгор Азиз Туна.
Во јужната покраина Адана, полицијата приведе повеќемина во текот на акцијата против ПКК.
Овие акции се резултат на синоќешниот бомбашки напад во главниот град Анкара, во кој животот го изгубија 37 лица.