Kemal Karadağ
14 Март 2016•Ажурирај: 15 Март 2016
АНКАРА (АА) - Утврден е идентитетот на 32 од вкупно 37 загинати лица во вчерашниот напад во центарот на Анкара, јавува Anadolu Agency (AA).
Надлежните институции соопштија дека идентитетот на преостанатите пет тела ќе биде утврден со ДНК анализа.
Телата на 24-те загинати лица им се предадени на семејствата.
Во нападот се повредени 120 лица, а 71 ранети се наоѓаат во тешка состојба. Петнаесетмина се наоѓаат во животна опасност.