Hatice Özdemir
01 Јануари 2016•Ажурирај: 02 Јануари 2016
АНКАРА (АА) - Во тековните антитерористички акции кои безбедносните сили ги изведуваат од 15-ти декември на југоистокот на Турција, вчера во местото Чизре, покраината Ширнак, убиени се 12 припадници на терористичката организација ПКК, соопштено од Генералштабот на таа земја, јавува Anadolu Agency (AA).
Уништени се и шест експлозивни направи како и осум барикади.
Во Чизре од почетокот на акцијата убиени се 173 терористи.
Од друга страна, во местото Силопи, во покраината Ширнак, запленети се четири ловечки пушки, пиштол и 600 килограми амониум нитрат. Припадниците на безбедносните сили во Мардин, на југоистокот на земјата, приведени се шест лица под сомнение дека им помагале и им пружиле сместување на припадниците на терористичката организација.
Претходно од Генералштабот соопштија дека во текот на двете недели, колку што траат акциите на југоистокот на Турција, убиени се 214 припадници на терористичката организација ПКК.
Во тоа соопштение се наведува дека 155 терористи се убиени во акциите во местото Чизре, а 17 во Силопи, во покраината Ширнак, додека 42 терористи се убиени во акции во местото Сур во провинцијата Дијарбакир.