Nuray Tunçay
21 Јануари 2016•Ажурирај: 22 Јануари 2016
СТРАЗБУР (АА) - Европскиот комесар за проширување и соседска политика, Јоханес Хан, рече дека треба да се запрат нападите на терористичките организации, јавува Anadolu Agency (АА).
Хан говореше во Европскиот парламент, на седницата на тема „Состојбата во југоисточниот дел на Турција".
Тој нагласи дека терористичката организација ПКК, од 2002 година се наоѓа на листата на санкции на ЕУ, додавајќи дека со одлуката донесена во 2015 година, остана на таа листа.
„ПКК мора да престане со нападите врз Турција и да се повлече од прогласување автономија во југоисточниот регион", рече Хан, додавајќи дека ПКК претставува сериозна закана”.
Тој додаде дека и покрај случувањата, не смее да има прекин на процесот на помирување и дијалог.
„Потребно е повторно фокусирање на решавање на курдското прашање и да не се дозволи рушење на напредокот постигнат во последните две години", рече Хан.
Процесот на решавање на курдското прашање се однесува на напорите на турската влада да стави крај на конфликтот кој трае веќе неколку децении со движењето на ПКК, во источните и југоисточните делови на Турција.
ПКК се бореше за независна курдска држава од 1984 година а терористичките напади што беа изведени претходните години, загинаа околу 36.000 лица во Турција.
Турција, САД и Европската унија ја прогласија ПКК за терористичка организација.