Elvir Hociç
21 Јануари 2016•Ажурирај: 22 Јануари 2016
ВАШИНГТОН (АА) - Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) од денеска до 10-ти февруари прима кандидатури за избор на нови директори на финансиската институција со седиште во Вашингтон, јавува Anadolu Agency (АА).
Мандатот на сегашната директока, Кристин Лагард, ќе истече на почетокот на јули оваа година, а од ММФ соопштија дека изборниот процес за избор на мандатот за следните пет години започнува денес.
Крајниот рок за поднесување на кандидатурите е 10-ти февруари, а Извршниот комитет до 3-ти март оваа година, треба да избере нов шеф на ММФ.
Во соопштението се вели дека директорот се избира со мнозинство гласови, но целта е да се избере консензус решение.
Листата на кандидати за прв пат ќе биде намалена на тројца, а потоа до 24 членови на Извршниот одбор да се направи конечниот избор.
Мандатот на новиот директор на ММФ ќе започне на 5-ти јули. Сегашната директорка на меѓународната институција Лагард, претходно изјави дека е подготвена оваа улога да ја врши во следниот мандат.
Поранешната француска министерка за финансии, Кристин Лагард, во 2011 година стана првата жена на чело на ММФ.
Досега во јавноста не е објавено кој друг се кандидрал за таа функција.