Gülbin Yıldırım
10 Октомври 2017•Ажурирај: 11 Октомври 2017
ВАШИНГТОН (АА) - Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) го зголеми очекувањето за раст на Турција за 2017 година, од 2,5 на 5,1 отсто, и од 3,3 на 3,5 % за 2018 година, јавува Anadolu Agency (AA).
ММФ го објави извештајот за септември 2017 година, за Светскиот економски преглед под наслов „Целта за одржлив раст“.
Во извештајот кој беше објавен пред „Годишните состаноци на ММФ и Светската банка“ кои ќе започнат оваа недела, се наведува дека турската економија брзо закрепнува благодарение на силната внатрешна и надворешна побарувачка.
„Процената за растот на Турција за 2017 година е ревидиран на 5,1 отсто, во зависност од тоа што производството во првиот квартал беше посилно од очекуваното како резултат на влијанието на закрепнувањето на извозот, кој во последните квартали беше намален, и на поекспанзивната фискална позиција“, се вели во извештајот.
Извештајот на ММФ предидува дека бруто домашниот производ на Турција ќе се зголеми за 3,5 отсто во наредната година.
Очекувањата за растот на Турција во 2017 и во 2018 година, во извештајот за Светскиот економски преглед објавен во април од страна на ММФ, беа соопштени како 2,5 и 3,3 отсто.
- Најголемата позитивна ревизија во извештајот е Турција
Промената од 2,6 поени во проценките за раст на Турција за оваа година е регистрирана како најсериозната позитивна ревизија во извештајот на Светскиот економски преглед, додека очекувањата за 2017 година за групата на „Раст и развој на Европа“ е зголемен од 3,5 на 4,5 отсто.
Од друга страна, институцијата во нејзиниот извештај вели дека инфлацијата е зголемена поради девалвацијата на турската лира, и наведе дека инфлациските очекувања за оваа година за Турција се утврдени на 10,9 отсто, додека за наредната година на 9,3 отсто.
Во извештајот се упатува препорака до Централната банка на Турција да ја одржи цврстата монетарна политика против инфлацијата, која се појавува многу повисока од целта од 6 отсто.