спорт

СП Русија 2018: Нејмар напредува подобро од очекуваното

„Следниот чекор е тренинг со соиграчите и потоа учество во натпревар. Сторивме сè што е можно за да се чувствува спокојно и да се посвети на закрепнувањето“, изјави Ласмар.

Dejan Maksimoviç  | 24.05.2018 - Обновена : 25.05.2018
СП Русија 2018: Нејмар напредува подобро од очекуваното

Rio de Jeneiro

РИО ДЕ ЖЕНЕИРО (АА) - Бразилскиот фудбалски репрезентативец Нејмар, според зборовите на кондицискиот тренер на националниот тим, секојдневно тренира и напредува подобро од очекуваното, пренесува Anadolu Agency (AA).

Напаѓачот на Парис Сен Жермен не играше од 25 февруари кога ја скрши коската на стапалото на првенствениот натпревар против Олимпик Марсеј. Потоа беше подложен на оперативен зафат, кој протече според планот, а неодамна се најде и на списокот на бразилскиот селектор Тите за Светското првенство.

„Неговиот напредок оди подобро од очекуваното“, изјави кондицискиот тренер на бразилската репрезентација, Фабио Машередјиан.

Родриго Лесмар, докторот на репрезентацијата на Бразил и предводник на тимот кој го оперираше Нејмар во март, истакна дека играчот повторно се враќа на своите вообичаени движења.

„Следниот чекор е тренинг со соиграчите и потоа учество во натпревар. Сторивме сè што е можно за да се чувствува спокојно и да се посвети на закрепнувањето“, изјави Лесмар.

Бразил на Светското првенство во Русија, кое ќе се одржи од 14 јуни до 15 јули, ќе игра во групата Е со репрезентациите на Швајцарија, Костарика и Србија.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.