Muhammed Emin Canik
23 Април 2020•Ажурирај: 23 Април 2020
БУЕНОС АИРЕС
Бразил е латиноамериканска земја што е најмногу погодена од пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19). Во државата Амазонас се копаат масовни гробници поради смртните случаи во земјата, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според вестите објавени во бразилските медиуми, порази забрзаниот раст на смртни случаи предизвикани од Ковид-19 во Манаос, главниот град во државата Амазонас, се започна со копање на масовни гробници.
Во соопштението што го даде Општината Манаос се вели дека на градските гробишта започнало копање на масовна гробница именувана како „штит“.
Во продолжение се истакнува дека одлуката е донесена поради зголемувањето на смртните случаи и како и во другите земји во светот, починатите ќе бидат погребани на извесно растојание и ќе се сочува нивниот идентитет.
Бразил е земја која е најпогодена од пандемијата на Ковид-19 во Латинска Америка. Досега во оваа земја од последиците предизвикани од новиот тип коронавирус починаа 2.906 лица, а 45.757 лица биле позитивни на тестот.