Gamze Türkoğlu Oğuz
30 Јуни 2016•Ажурирај: 01 Јули 2016
РИО ДЕ ЖАНЕИРО (АА) - Најмалку десет лица загинаа во текот на деветдневната акција на полицијата изведена во близина на Рио де Жанеиро, при обид да се фати бегалецот обвинет за трговија со дрога, јавува Anadolu Agency (AA).
Бразилската полиција трага по шверцерот кој избега од болница. Според весникот "Globo", за време на акцијата во Рио де Жанеиро, каде што во август ќе се одржат Олимписките Игри, загинаа десет лица. Затворени се околу 50 училишта.
Околу 27 полициски патроли беа поставени во центарот на Рио, но исто така и во туристичкиte места во јужниот дел на градот.
Потсетуваме дека на 19-ти јуни, вооружени лица извршиле напад врз болницата "Souza Aguiar" поради помагање на бегството на познатиот трговец со дрога Никола Лабра Переира.
Во тој напад беше убиен еден пациент, а беа повредени медицинска сестра и еден вработен од обезбедувањето.