Gamze Türkoğlu Oğuz
30 Јуни 2016•Ажурирај: 01 Јули 2016
КАБУЛ (АА) - Според првичните информации, најмалку 30 лица загинаа во самоубиствен напад во западниот дел на главниот град на Авганистан, Кабул, јавува Anadolu Agency (AA).
Гувернерот на градот Пагман, Муса Рахмети, потврди дека самоубиствениот напад се случил во местото Вардак, а мета на нападот бил автобус кој превезувал припадници на авганистанската полиција.
Припадниците на безбедносните сили се враќале во Кабул од едукативна настава, а во нападот загинале најмалку 30 полицајци. Се стравува дека бројот на загинати ќе се зболеми.
Во нападот, за кој одговорност презедоа талибанците, повредени се голем број лица.