Aslı Aral
30 Јуни 2016•Ажурирај: 01 Јули 2016
ЛОНДОН (АА) - Актуелната британска министерка за внатрешни работи, Тереза Меј, соопшти дека ќе се кандидира за премиерка на Велика Британија откако актуелниот премиер Дејвид Камерон најави оставка по објавите на резултатите на референдумот на кој граѓаните на таа земја изгласаа излез од Европската унија, јавува Anadolu Agency (AA).
Меј, која ужива значајна поддршка внатре владеачката Конзервативна партија, официјално ја објави својата кандидатура на денешната прес-конференција во Лондон.
Таа истакна дека на Велика Британија и е потребен силен лидер и дека исклучително е важно во процесот на излез од ЕУ да се постигне најдобриот можен договор со ЕУ
„Мора да работиме на обединување на Велика Британија, Брексит е Брексит. Спроведени се кампањи и народот донесе одлука”, изјави Меј и додаде дека не постои можност за повторување на рефередумот, но дека не треба да бидат одржани ни вонредни парламентарни избори до 2020 година.
Меј исто така изјави дека официјалниот Лондон до крајот на оваа година не би требал да го активира 50-от член на Лисабонскиот договор со што официјално започнува процесот на излез од ЕУ.
„Не би требало да се прават измени по прашањето на трговинските врска на Велика Британија и ЕУ, и не треба да ги менуваме законските статуси на странските лица кои живеат во Велика Британија”, изјави Меј.
Меј и понатаму тврди дека е најдобриот кандидат за позиција на премиер на Велика Британија, а на прашањето да го искоментира тоа што некои кругови ја споредуваат со германската канцеларка Ангела Меркел, Меј рече дека никогаш не се споредила со никој, туку секогаш сама го следела својот пат.
Споредувајќи ја и со единствената премиерка во историјата на Велика Британија, Маргарет Тачер, британските медиуми Меј ја нарекуваат како можна „ нова челична дама”.
Се очекува кандидатурата за избор на функција премиер на Велика Британија денес да ја објави и поранешниот градоначалник на Лондон кој беше еден од спроводниците на кампањата за Брексит, Борис Џосон.
Британските медиуми пишуваат дека кандидатура утрово најавил и британскиот министер за правда Мајкл Гоув, кој беше близок соработник на Џонсон во кампањата и значително му ги намали шансите за трката за шеф на британската влада.
Денес е последен ден за поднесување на кандидатура за нов премиер на Велика Британија, која ќе ја изберат членовите на Конзервативната партија на интерните избори. Внатрепартиските избори за премиер ќе бидат организирани помеѓу два кандидати, а доколку бидат поднесени повеќе кандидатури, прво во Долниот дом на парламентот „ вишокот” ќе се елиминира со гласање на застапниците на владеачката партија.