AP
07 Јануари 2018•Ажурирај: 08 Јануари 2018
ЛОНДОН (АА) - Британската премиерка, Тереза Меј, најави промени во составот на својот кабинет во обид да ја зајакне власта пред идната клучна фаза на преговори за Брегзит, јавува Anadolu Agency (AA).
Меј најави дека до коригирањето во Владата ќе дојде наскоро, а првите промени се очекуваат в понеделник.
Владата на британската премиерка е ослабена по лошиот резултат на нејзината Конзервативна партија на изборите во јуни минатата година, што доведе до формирање на малцинска влада.
Минатиот месец ја зајакна својата позиција откако ЕУ се согласи да започне разговори за идните трговски односи со Велика Британија.
Меј во денес објавеното интервју за BBC (Би-би-си) истакна дека се надева на сигурен договор со ЕУ за транзицискиот период по Брегзит до 31 март, и на нацрт- договорот за повлекување до крајот на годината.
Велика Британија треба да ја напушти ЕУ на 29 март 2019 година.