Ekipa
29 Јуни 2016•Ажурирај: 30 Јуни 2016
ЛОНДОН (АА) - Агенцијата за бонитет "Fitch Ratings" очекува инвестициите во Велика Британија наредните години да паднат за пет отсто, додека тој пад во 2018 година би изнесувал 15 отсто помалку во споредба со претходните проценки, поради неизвесноста околу тоа какви се последиците од истапувањето на Британија од ЕУ.
„Нема сомневање дека гласањето на референдумот за излез од ЕУ, значително ќе влијае на економијата", објави "Fitch Ratings" наведувајќи дека неколку проекти веќе се ставени на чекање.
Во извештајот објавен денеска, се наведува дека постои загриженост околу идните трговски односи меѓу Велика Бритаија и ЕУ, какви прописи ќе бидат на сила и дали Британија се соочува со нов притисок за независност на Шкотска.