Mahmoud Barakat
29 Јуни 2016•Ажурирај: 30 Јуни 2016
ГАЗА (АА) - Египетските власти денес повторно привремно го отворија граничниот премин Рафа со Појасот Газа, која се наоѓа под израелска блокада. Овој пат граничниот терминал ќе биде отворен пет дена, јавува Anadolu Agency (AA).
„Терминалот е отворен наредните пет дена. Во тој период границата ќе може да ја преминат болни лица, студенти и оние кои имаат странски престој”, соопштија граничните власти на Газа.
Претходно овој месец, египетските власти го отворија граничниот премин во тек на четири последователни денови, со што овозможија околу 3.000 воглавно болни лица и студенти да влезат во нивната територија.
Според Министерството за надворешни работи со кое управува Хамас, околу 24.000 Палестинци чекаат да го преминат граничниот премин Рафа, која на жителите на Газа им е единствен начин за пристап кон надворешниот свет, а да не е под контрола на израелските власти.
По соборувањето на претседателот Мухамед Мурси во 2013 година, Египет ја држи границата кон Газа воглавно затворена.
Од Министерството за внатрешни работи во Газа велат дека во текот на 2015 година египетските власти граничниот премин Рафа го отвориле само 21 ден, но за ограничен сообраќај. Останатиот период границата била затворена со што 1,9 милиони жители во Газа се доведни до работ на хуманитарна катастрофа.