Aslı Aral
10 Јуни 2016•Ажурирај: 11 Јуни 2016
ЛОНДОН (АА) - Во Велика Британија се прославува 90-от роденден на кралицата Елизабета II, јавува Anadolu Agency (AA).
Кралицата и нејзиниот сопруг, војводата од Единбург, Филип, се придружија на верскиот обред во катедралата Ст. Паул, во Лондон.
Покрај членовите на кралското семејство, на обредот присуствуваа и премиерот на Велика Британија, Дејвид Камерон, градоначалникот на Лондон, Садик Кан како и многу други гости.
Камерон и продуцентот и водител Сер Дејвид Атенбороу ги прочитаа извадоците од Библијата.
Елизабета II на британскиот трон се наоѓа 63 години, што претставува најдолго во историјата на земјата. Нејзиниот сопруг Филип го прославува 95-от роденден. Парот е во брак 68 години и имаат четири деца.
Во Обединетото Кралство претставниците на монархијата од 1748 година својот роденден го слават двапати. Официјалниот роденден го прославуваат другиот викенд во јуни, а другиот датум е нивниот вистински датум на раѓање.
Кралицата Елизабета е родена на 21 април 1926 година, и по повод нејзиниот 90 роденден, оваа година ширум земјата се организираат низа на свечености. Пред Букингамовата палата утре ќе биде организирана воена парада, а за недела дена е планирана забава за јавноста за десет илјади луѓе.
Покрај тоа, за време на викендот ширум земјата ќе бидат организирани забави на улиците.