Ramazan Ercan
10 Јуни 2016•Ажурирај: 11 Јуни 2016
ИЗМИР (АА) - РАМАЗАН ЕРЏАН - Благодарение на договорот за реадмисија, во последните три месеци нема жртви во Егејското Море од страна на бегалците кои се обидуваат од Турција да прејдат на Грчките острови.
Најефикасна страна на договорот за реадмисија е што во последниве 82 дена не е забележан ниту еден смртен случај, за разлика од претходно, кога во период од две години, животот го загубија повеќе од 500 бегалци.
Според податоците до кои дојде АА, договорот за реадмисија целата ситуација околу бегалците кои ги напуштаат своите земји и бараат можност да имигрираат во една од европските земји во потрага за подобра иднина, поради граѓанска војна, економска и политичка несигурност ја доведе на едно поинакво ниво.
Пред воведувањето на договорот имаше големи миграции по илегални патишта, кој речиси запре по 18 март, кога во Брисел Турција и Европската унија го потпишаа договорот.
По спроведувањето на договорот, бројот на жртвите поради давање или хипотермија на патот на надежта се намали за 90 отсто, додека по Егејското Море сосема е стопирано.
- Завршија драмите во Егејското Море
Поради тонење или превртување на средства со кои се обидувале да го преминат Егејското Море, во изминатите две години животот го загубија 521 бегалец. По воведувањето на договорот за реадмисија, во турските територијални води во Егејското Море досега нема жртви.
Додека во првите три месеци од годината 173 лица го загубија животот од давење или хипотермија, во последните 82 дена, откако е воведен договорот за реадмисија не е забележан ниту еден смртен случај.
Во турските територијални води за последен пат на 19 март, во близина на Ајвалик, островото Чиплак се преврте брод. при што животот го загуби едно лице, а 25 сириски бегалци беа спасени.
Во турските територијални води на Егејското Море од давење или хипотермија, во 2014-та година животот го загубија 69 лица, во 2015-та 279, додека во првите три месеци од оваа година бројот на жртви изнесуваше 173 лица, вкупно 521 лице за последниве две години.