Burak Akay
15 Јануари 2016•Ажурирај: 16 Јануари 2016
ЧАНАККАЛЕ (АА) - При потонување на чамец со мигранти во близина на местото Ајвачик, на брегот на Егејското Море, според првичните информации, се удавија четири лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Меѓу удавените се наоѓаат и три деца. Спасени се осум лица, а сè уште не е познато колку лица се наоѓале на чамецот.
Претходно потона чамец во близина на грчкиот остров Агатониси, при што, се удавија, исто така, три деца, додека 20 лица се спасени.