Gökhan Kurtaran
20 Февруари 2016•Ажурирај: 20 Февруари 2016
ЛОНДОН (АА) - Британскиот премиер Дејвид Камерон во доцните вечерни часови во петокот изјави дека неговата земја постигнала договор со Европската унија (ЕУ), со кој Велика Британија ќе добие специјален статус во меѓународната заедница, јавува Anadolu Agency (AA).
Камерон порача дека на самитот на ЕУ во Брисел со лидерите на земјите членки на ЕУ договорил посебен статус за неговата земја во оваа заедница.
"Постигнав договор со кој Велика Британија ќе има специјален статус во ЕУ. Утре во кабинетот ќе го претставам постигнат договор", рече Камерон.
Од друга страна, претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, изјави во петокот дека постигнале договор за реформи кои Велика Британија ги побарала за да остане во Европската унија (ЕУ).
"Договорот беше постигнат. Сите земји-членки го поддржаа компромисот со кој Велика Британија ќе се задржи во Европската унија (ЕУ)", изјави Туск на Твитер.
Ниту еден од овие лица не даде детали од договорот што беше постигнат меѓу ЕУ и Велика Британија.
Инаку, во Брисел се одржува самитот на ЕУ, на кој лидерите на земјите од ЕУ разговараат со британскиот премиер Дејвид Камерон за реформите барани од страна на официјален Лондон.