Agon Fehmiu
19 Февруари 2016•Ажурирај: 20 Февруари 2016
ПРИШТИНА (АА) - Рамуш Харадинај, лидерот на Алијансата за иднината на Косово и пратеник на ова партија во Собранието, попладне поднесе неотповиклива оставка на оваа функција", се вели во соопштението на неговата партија, јавува Anadolu Agency (AA).
Тој во своето соопштение наведе дека Собранието на Косово се претвори во институција која го прикрива кршењето на Уставот од страна на владата и институција каде со политичка наредба пратениците се влечат од Собранието.
Харадинај рече дека во текот на неговиот пратенички мандат се обидел да укаже на сериозна загриженост во врска со важни прашања, вклучувајќи ги грешките кои се направени со потпишување на два договори, Договорот за асоцијација на општините со српско мнозинство и за демаркација на границата со Црна Гора, но таа загрриженост е игнорирана од страна на актуелната власт.
Поради таквиот став на власта, наведе Харадинај, единствен пат кој му останал, бил солзавецот. Меѓутоа, додаде тој, дека по денешниот ден смета дека Собранието на Република Косово веќе не е демократска институција и себе си веќе не се гледа како дел од оваа легислатура.