Bojana Stojanovic
10 Јануари 2017•Ажурирај: 11 Јануари 2017
БЕЛГРАД (AA) - Министерството за правда на Србија денес испрати барање до француското судство за екстрадиција на лидерот на Алијансата за иднина на Косово, Рамуш Харадинај, јавува Anadolu Agency (AA).
Харадинај е приведен минатата среда, на аеродромот Базел-Милуз на француска страна, врз основа на потерница што Србија ја распиша во 2004 година.
Оттогаш Харадинај е во притвор во Франција.
Србија во 2004 година распиша потерница за Рамуш Харадинај поради сомнение дека извршил воено злосторство против цивилното население на Косово во 1998. и 1999. година, коешто не било опфатено во тужбата на Хашкиот суд за која е правосилно ослободен.